Политика за приватност на Teva Pharmacovigilance

Дефиниции кои се користат во оваа политика за приватност

"Негативен настан" значи непосакуван, ненамерен или штетен настан во врска со употребата на медицински производ на Teva.

"Подружница (подружници)" значи кое било лице, корпорација, компанија, партнерство, заедничко вложување или друг субјект кој врши контрола, е контролиран од или е заеднички контролиран со Teva. За таа цел, поимот „контрола“ значи сопственост на 50% или повеќе од акциите со право на глас или обичните акции или право на назначување на 50% или повеќе од директорите на наведената корпорација, компанија, партнерство, заедничко вложување или субјект.

 "Лични податоци" значат информации во која било форма кои можат директно или индиректно, самостојно или во комбинација со кои било други информации, да се користат за идентификување на едно лице.

"Teva" значи Teva Pharmaceutical Industries Ltd. со седиште на 5 Basel Street, Petach Tikva 49131, Израел или нејзини подружници (или и двете), наведени во оваа политика за приватност како "ние", "нас" или "наша".

Teva и вашата приватност

Безбедноста на пациентите е екстремно важна за Teva и ние сериозно ја сфаќаме безбедната употреба на сите наши производи. Teva треба да може да контактира со луѓето кои контактираат со Teva во врска со нашите производи за да може да проследи и да добие дополнителни информации, да даде одговори или да го испрати побараниот материјал. Политиката за приватност опишува како ги собираме и употребуваме личните податоци за да ни помогнат да ја исполниме нашата должност да ја следиме безбедноста на сите лекови кои ги пласираме на пазарот или кои ги имаме во клинички развој (познати и како обврски за фармаковигиланца).

"Политиката е, исто така, достапна за козметичките производи бидејќи [local/ European] регулативата за козметика бара слично следење на безбедноста. Меѓутоа, за да се олесни читањето, се врши упатување само на фармаковигиланцата".

Опфат на оваа политика за приватност

Оваа политика за приватност важи за информациите кои ги собираме од вас онлајн, преку телефон, по факс, по електронска пошта или по редовна пошта или како дел од прописите за пријавување негативен настан кои важат за Teva. Исто така, мораме да ги собираме овие информации за вас преку конкретни обрасци кои вие ги поднесувате на страницата која е во сопственост или под контрола на Teva.

Ако сте пациент, трета страна која пријавува негативен настан кој ве погодил може исто така да ни даде информации за вас. Такви трети страни вклучуваат медицински работници, адвокати, роднини или други членови на јавноста.

Информации кои ги собираме и зошто ги собираме

Teva има законски обврски да собира специфични податоци. Ова е подетално наведено подолу.

Пациенти (предмет на извештај)

Собираме лични податоци за вас кога вие или трета страна ќе ни дадете информации во врска со негативен настан кој влијае на вас или на некој друг. Кога известувате самите за негативниот настан, ве молиме погледнете го делот Пријавувачи.

Законите за фармаковигиланца нè обврзуваат да водиме „детална евиденција“ за секој негативен настан кој ни бил соопштен за да се овозможи настанот да биде проценет и спореден со други негативни настани кои се евидентирани за тој производ. Личните податоци кои може да ги собереме за вас кога сте предмет на извештај за негативен настан се:

име или иницијали;

возраст и датум на раѓање;

пол;

тежина и висина;

детали за производот кој ја предизвикал реакцијата, вклучувајќи ја дозата што сте ја земале или што ви била препишана, причината поради која сте го земале или поради која ви го препишале производот и секоја последователна промена на вашата вообичаена рутина;

детали за други лекови или додатоци кои ги земате или сте ги земале во моментот на реакцијата, вклучувајќи jа дозата што сте ја земале или што ви била препишана, периодот кога сте го земале тој лек, причината поради која сте го земале лекот и секоја последователна промена на вашата рутина;

детали за претрпена негативна реакција, терапијата што сте ја примале за таа реакција и какви било долготрајни ефекти кои ги предизвикала реакцијата на вашето здравје; и

друга медицинска историја што пријавувачот ја смета за релевантна, вклучувајќи документи како што се лабораториски извештаи, медицински истории и истории на пациенти.

Некои од овие информации со закон се сметаат за „чувствителни лични податоци“ за вас. Тие вклучуваат какви било информации кои ни кажуваат за:

  • вашето здравје;
  • вашата етничка припадност;
  • вашата религија; и
  • вашиот сексуален живот.

Овие информации се обработуваат само кога се релевантни и неопходни за соодветно да се евидентира вашата реакција и за целите на исполнување на нашите услови кон фармаковигиланцата и/или законот. Овие услови постојат за да ни овозможат нам и на надлежните органи за фармаковигиланца (како што е Европската агенција за лекови и други органи) да управуваат со негативните настани и да вложат напори за спречување слични настани во иднина.

Пријавувачи

Собираме информации за вас кога ќе ни дадете информации во врска со негативен настан што го пријавувате.

Со законите за фармаковигиланца, се бара од нас да потврдиме дека негативните настани се следливи и достапни за проследување. Како резултат на тоа, мора да чуваме доволно информации за пријавувачите кои ќе ни овозможат да контактираме со вас откако ќе го добиеме извештајот. Личните податоци кои може да ги собереме за вас кога вие поднесувате извештај за негативен настан се:

  • вашето име;
  • вашите податоци за контакт (кои може да вклучуваат физичка адреса, адреса на е-пошта, телефонски број или број на факс);
  • вашата професија (овие информации може да ги одредат прашањата кои ќе ви се постават за негативниот настан, во зависност од претпоставеното ниво на медицинско знаење); и
  • вашата поврзаност со предметот на извештајот.

Кога и вие сте предмет на извештај, овие информации можат да се комбинираат со информациите кои сте ги дале во врска со вашата реакција.

Како ги користиме и споделуваме личните податоци

Како дел од обврските за фармаковигиланца, може да ги користиме и да ги споделуваме личните податоци за да:

  • испитаме негативен настан;
  • контактираме со вас за дополнителни информации околу негативниот настан што сте го пријавиле;
  • ги споредиме информациите за негативниот настан со информациите за други негативни настани кои ги добила Teva и да ја анализираме безбедноста на серијата, производот на Teva или активната состојка во целина; и
  • им дадеме задолжителни извештаи на националните и/или регионалните органи за да можат тие да ја анализираат безбедноста на серијата, производот на Teva, генеричката или активната состојка во целина заедно со извештаите од други извори.

Личните податоци собрани од вас во согласност со оваа политика за приватност, може да бидат пренесени и на трета страна во случај на продажба, доделување, пренос или преземање на компанијата или на специфичен производ или терапевтска област, во кој случај ќе бараме купувачот, доделувачот или примателот на преносот да постапуваат во согласност со важечките закони за заштита на податоци.

Исто така, може да ги споделиме личните податоци со други фармацевтски компании кои се наши партнери во маркетинг, дистрибуција или други лиценцирани партнери, каде што обврските за фармаковигиланца за одреден производ бараат таква размена на безбедносни информации.

Ги споделуваме информациите со националните и/или регионалните органи во согласност со законите за фармаковигиланца. Не можеме да ја контролираме употребата на кои било информации кои ги споделуваме. 

Може да објавиме информации за негативните настани (како што се студии на случај и резимеа); ќе ги отстраниме идентификаторите од сите публикации така што ниту еден поединец нема да може да биде лесно препознаен.

Глобална база на податоци

Со нашите обврски за фармаковигиланца се бара да ги разгледуваме шаблоните во различни извештаи добиени од секоја земја во која ги продаваме нашите производи. За да ги исполниме овие услови, информациите кои се даваат како дел од извештајот за негативен настан се споделуваат во рамките на Teva во целиот свет преку глобалната база на податоци на Teva. Оваа база на податоци е и платформа преку која Teva префрла извештаи за негативни настани до различни органи за надзор, вклучувајќи ја базата на податоци Eudravigilance (корпоративен систем на Европската агенција за лекови за управување и анализирање на сомнителните негативни реакции на лекови кои се одобрени во Европската економска зона) и други слични бази на податоци како што се бара со закон.

Вашите права

Бидејќи безбедноста на пациентите е многу важна, ние ги задржуваме сите информации кои ги собираме за вас од извештај за негативен настан за да се осигураме дека можеме соодветно да ја процениме безбедноста на нашите производи со текот на времето.

Според важечките закони, може да имате право да побарате од Teva примерок од вашите информации за да ги коригирате, да ги избришете или да ја ограничите нивната обработка или да побарате од нас да ги пренесеме овие информации во други организации. Исто така, може да имате право да приговарате на одредена обработка. Овие права може да бидат ограничени во одредени ситуации - на пример, онаму каде што можеме да покажеме дека имаме законско барање да ги обработуваме вашите лични податоци. Можете да ги реализирате овие права така што ќе контактирате со тимот за фармаковигиланца на Teva на [Safety.Macedonia@tevapharm.com]. Од правни причини, не смееме да ги избришеме информациите кои се собрани како дел од извештај за негативен настан освен ако се неточни. Може да побараме од вас да обезбедите соодветна идентификација пред да исполниме какво било барање за пристап до или за коригирање на личните податоци. Вашето право за пристап или за корекција може да биде ограничено со важечкиот закон. Се надеваме дека можеме да одговориме на сите прашања кои ги имате за начинот на кој ги обработуваме вашите лични податоци. Ако имате прашања за тоа како ги обработуваме вашите лични податоци, можете да контактирате со тимот за фармаковигиланца на Teva на [е-пошта]. Меѓутоа, ако имате неодговорени прашања, исто така, имате можност да поднесете жалба до органот за заштита на податоци во местото каде што живеете.

Обезбедување

Teva презема мерки за обезбедување на личните податоци од случајна загуба и од неовластен пристап, употреба, менување или објавување. Покрај тоа, преземаме дополнителни мерки за информатичка безбедност, вклучувајќи контрола на пристап, строго физичко обезбедување и цврсти практики на собирање, чување и обработка на информациите.

Меѓународни трансфери

Сите бази на податоци за фармаковигиланца, вклучувајќи ја глобалната база на податоци се хостирани во Израел од Teva. Тие се администрираат и се поддржуваат деноноќно од посветени информатички тимови за фармаковигиланца на Teva во Израел, Германија и во САД. Исто така, Teva ангажира компанија за обработка на податоци во Индија за внесување податоци, администрирање и „чистење“ податоци за ограничен дел од базата на податоци за фармаковигиланца.

Измени на оваа политика за приватност

Ако одлучиме суштински да ја измениме содржината на оваа политика за приватност, ќе ги објавиме тие промени преку видливо известување на страницата.

Информации за контакт

Личните податоци се поднесуваат до Teva и се хостираат и чуваат во бази на податоци на сервери кои се наоѓаат во Израел, кои се во сопственост на и се управувани од Teva Pharmaceutical Industries Ltd., израелско друштво со ограничена одговорност, чие главно деловно седиште е на адреса: Dvorah Haneviah 124, Tel Aviv, Israel

Ако во кој било момент имате прашања за оваа политика за приватност, ве молиме испратете електронска порака до Safety.Macedonia@tevapharm.com или mkpdprotection@pliva.com. Ќе вложиме разумни напори брзо да одговориме на вашето прашање или да го решиме вашиот проблем.